Фото: Shutterstock.com

Една од главните разлики кај корисничкиот интерфејс на Android во споредба со iOS со години е споеното прикажување на известувањата и брзите прилагодувања. За доста корисници овој начин на нивно прикажување е подобар, па стилот кој го користи Apple во iOS се смета за непотребно издвоен. 

Оваа разлика веќе и официјално нема да ја има, а после неколку кинески производители и Samsung, сега и основната верзија од Android ќе овозможува поделба на овие два дела. 

Во тест верзиите од Android 16 може да се види дека Google работи на можноста брзите прилагодувања да бидат на посебен дел до кој ќе се пристапува со повлекување надолу од горниот десен дел од екранот, исто како и кај другите. 

Со оглед дека засега оваа новина на изгледа доволно завршена, се верува дека истата нема да биде подготвена за пуштање уште со првата финална верзија од системот. 

За разлика од iOS, на Android корисниците обично добиваат избор, па се очекува дека и за оваа промена корисниците ќе можат да изберат да се прикажува со стандардниот стил, наместо новиот.

Оваа новина ја откриваат и ја следат од Android Authority, а во продолжение можете да го погледнете и нивното видео каде добро е прикажана. 

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаGemini станува вистински личен асистент со новата можност за поврзување со апликациите и сервисите од Google
Следна статијаАстронаутите кои беа „оставени“ на Меѓународната Вселенска Станица од минатиот јуни, оваа недела конечно се враќаат назад
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.