Во рамките на Google I/O 2023, Google најавија Find My Device мрежата која треба да овозможи лоцирање на сите видови на уреди со помош на мрежата од Android телефони.

Оваа нова функција не беше пуштена кога беше планирано, а според некои Apple се причината за истото и нивното пуштање на известувањата за следење од непознати уреди.

Со Android 15, Find My Device ќе добие нова можност, која не беше најавена минатата година. Истата ќе овозможи лоцирање на Android смартфоните дури и кога тие се исклучени.

Поради тоа што оваа можност бара одредени хардверски можности, нема да биде достапна на сите Android телефони, а како први кои ќе ја имаат се најавуваат Pixel 9 уредите кои ќе бидат претставени оваа есен. Останатите производители ќе можат да ги направат потребните додатоци за со наредната верзија од Android, Find My Device мрежата да може да функционира и со исклучен телефон.

Оваа нова функција функционира со помош на Bluetooth и можноста за испраќање на кратки сигнали кои би биле „фатени“ од страна на другите Android уреди во близината.

Примачот на сигналот потоа ја шифрира информацијата и ја испраќа до Google серверите, по што корисникот ќе може да го лоцира својот телефон, иако тој е исклучен.

Засега не е познато дали повеќето производители ќе ја прифатат оваа новина и ќе им ја овозможат на своите корисници, но истата дефинитивно може да се покаже како корисна за доста од нив.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаРСБСП со нова кампања: Паркирај совесно и одговорно
Следна статијаBitTorrent веќе не е на првото место по „трошењето“ на интернет сообраќајот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.