Фото: Shutterstock.com

Во кодот на Android „се крие“ мал показател кој ни открива една промена која би требало да стане дел од од наредната верзија од системот, односно од Android 14. Оваа промена во основа би овозможила блокирање на инсталирање на апликациите кои не се на PlayStore, односно се симнати преку интернет и се постари.

Целта на една ваква новина е да овозможи подобра заштита на корисниците, поради поголемиот ризик од инсталирање на апликација со малициозен код кога истата е постара, а и не е проверена од страна на PlayStore.

Како постара апликација ќе се смета апликација која е прилагодена за одредена верзија од Android, а се верува дека Google оваа граница планира да ја постави на Android 6, што навистина е доста постара верзија од системот.

Една од главните предности на Android е можноста за инсталирање на апликации надвор од PlayStore, односно преку нивно симнување и инсталирање, како што отсекогаш тоа можело да се направи на компјутерите. На Android овој начин на инсталирање апликации е наречен „sideloading“ и за некои корисниците е една од главните причини зошто го користат овој оперативен систем.

Ваквата промена во Android 14 не би требало да го промени стилот на Android како отворен систем, па бројот на популарни, а толку стари апликации, сигурно е прилично мал.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаШифрираните разговори во Messenger надградени со дополнителни функции кои се достапни кај обичните разговори
Следна статијаGoogle нема да останат без сопствен конкурент на технологијата од OpenAI
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.