iOS 16 донесува доста добра листа на новости, па иако не се работи за драстична промена на оперативниот систем, променети се делови кои одамна не се „чепнати“ од страна на Apple.

За новините во iOS 16 веќе пишувавме, но истите сега може да ги видите во ново видео кое го објави Apple преку кое истакнуваат и на кратко објаснуваат 10 од најдобрите новини. Видеото „10 helpfull iPhone tips“ прикажува новини како што е можноста да се извади објект од сликата од неговата позадина со едноставно притискање на него, можноста да се копира Wi-Fi лозинката преку Settings и слично.

Видеото можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаНови најави за големо подобрување на перформансите кај Galaxy S23 серијата
Следна статијаОбновена и пуштена во употреба бензинската станица на „Макпетрол“ во Македонски Брод
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.