После повеќе месеци достапност во бета верзија, како за програмерите, така и за обичните корисници, верзијата 10.14 од macOS, која е наречена Mojave, е официјално достапна во нејзината финална верзија за сите корисници.

Како што тоа секогаш го правиме, би препорачале да ја инсталирате најновата верзија од оперативниот систем којшто го користите, затоа што истата донесува покрај нови функции, подобрување на перформансите и безбедноста.

macOS Mojave беше претставен во јуни оваа година и како што истакнаа од Apple, акцентот е ставен на подобрување на перформансите на целиот оперативен систем.

Од новините во оваа верзија кои не се поврзани со перформансите, веднаш се истакнува темниот режим на работа. Со овој режим сите апликации и нијанси на оперативниот систем се со темна, односно нијанса на црна боја, а достапни се и уште неколку други новини.

Претходна статијаЕксклузивна премиера од втората сезона на одличната криминалистичка комедија
Следна статијаFirefox Monitor – проверете дали вашата имејл адреса е дел од некој хакиран сервис
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.