070716_bloodtest_THUMB_LARGE

Лекувањето со антибиотици денес ја носи заканата да ги поништи еден куп напредоци во модерната медицина кога се работи за инфективни болести. Постојаното и недискриминаторно давање на антибиотици за секакви инфекции прави еволутивен притисок врз бактериите да станат отпорни на истите.

Ова на крајот го има спротивниот, и страшен, ефект од наменетиот – се создаваат супербактерии кои не се осетливи на антибиотици и не можат да се уништат! Затоа, медицинските истражувачи со години укажуваат на потребата да се смали препишувањето на антибиотици само на случаите каде се есенцијални. За жал, тоа не се случува.

Дополнително, многу од инфекциите кои се предизвикани од вируси изгледаат како да се предизвикани од бактерии. Симптомите ги „мамат“ докторите кои мислат дека се работи за бактерија и препишуваат антибиотици непотребно и опасно поради горенаведената причина.

За да помогнат во правилното дијагностицирање на болеста, еден тим научници при Duke Health конзорциумот создадоа тест кој може да утврди со голема точност дали инфекцијата која ја имате е бактериски или вирусно предизвикана.

Тоа го прави преку тестирање на активацијата на седум гени во вашето тело. При различните типови на инфекција, овие 7 гени се активираат во различни односи и тоа може да се измери. Тие тестирањето го правеле на примероци од крв од 96 деца со сепса за кои веќе било утврдено претходно од што се болни. Потоа преку мерење на активацијата на овие гени тие успеале во 90% од случаите да утврдат ако инфекцијата била предизвикана од бактерија и во 55% од случаите ако била предизвикана од вирус.

За жал тестот е сè уште многу бавен, па треба да се чека 4 до 6 часа за резултатите – време во кое состојбата на пациентот може да се влоши значително. Затоа, тимот се надева дека ќе успее значително да го скрати ова време.

Според мене, скратување на времето на дијагностика на половина, па дури и на 1 час е доволно брзо за да се реагира на вистинскиот начин – и да избегнеме создавање на супербактерии преку непотребно користење на антибиотици.

Дополнителни информации: LiveScience, Medical Daily, Health Line

Претходна статијаДенот на независноста 2 (РЕЦЕНЗИЈА)
Следна статијаWIZZ AIR ви овозможува 20% попуст за сите летови за сите дестинации во Wizz мрежата