Shutterstock.com

Започнувањето на 2020 година значеше и истекување на лиценцата за работа на германската енергетска компанија EnBW и престанок со работа на нивните нуклеарни реактори во Philippsburg. Тие беа дел од 11-те нуклеарни реактори во Германија кои згаснаа во изминатата декада, а преостанатите 6 ќе го сторат истото до 2022 година. 

Стравот од производството на енергија на овој начин е голем, „анти-нуклеарните“ движења и зелените партии во Германија се задоволни од донесените одлуки за затворање. Но, националното економско биро на Германија неодамна излезе со нова студија, со нова математика која ја прикажува состојбата од друг агол. 

Истражувањата велат дека одбивањето на нуклеарната енергија за Германија значи огромен финансиски трошок и потенцијално „смртоносно“ решение. Негативната позадина е во замената на нуклеарните централи како произведувачи на енергија со постројки за јаглен, што донесува до испуштање на дополнителни 36 милиони тони јаглерод диоксид во воздухот на годишно ниво или процентуално кажано – зголемување на загадувањето за 5%. 

Се смета дека поради зголеменото загадување, ќе се зголеми бројот на респираторни и кардио-васкуларни заболувања, а со тоа ќе се зголеми и смртноста на годишно ниво. 

Заклучокот од истражувањето е дека земјата во секој случај има потреба од енергија, но треба добро да се размисли, односно да се избере „помалото зло“. Понекогаш штета е финансиска, но и загадувањето носи непоправлива штета по човековото здравје. Во Германија работите не можат да се вратат назад, но препораката е другите земји да учат од нивното искуство и да размислат повторно за давање шанса на нуклеарната енергија. 

ИЗВОРWired
Претходна статијаScania ќе ја тестира заштедата на гориво со покривање на цела приклолка со соларни панели
Следна статијаGoogle ќе почне да ги известува корисниците за одредени звуци во домот