NASA одлучи да ги врати двајцата астронаути кои останаа на Меѓународната Вселенска Станица по проблемите кои се појавија со Starliner леталото до Boeing, со главниот конкурент, SpaceX.
Астронаутите, чија мисија требаше да трае осум дена, сега ќе мора да чекаат до февруари идната година за да се вратат назад на Земјата. Се работи за астронаутите од NASA Буч Вилмор и Суни Вилијамс кои се поранешни тест пилоти во армијата.
Тие времето кое ќе мора да чекаат за да бидат вратени ќе го искористат да прават одредени експерименти, а им се приклучуваат на седумте други астронаути кои веќе се на МВС.
Boeing веќе со години има проблеми кои се верува дека произлегуваат од лошото водење на компанијата и се помалата концентрација на способни луѓе, а брзањето поради конкуренцијата.
Можевме повеќе пати да прочитаме за проблемите кои ги имаат со нивните авиони, а и Starliner проектот беше одложуван со години поради проблеми, па во јуни оваа година конечно ги однесе првите астронаути до орбитата на Земјата.
Проблемите се имаат јавено уште од почетокот на првиот лет, за време на поврзувањето со МВС. Пет од 28 мотори имале проблем, а проблеми се јавиле и со протекување на хелиум и слично.
Ова може да се каже дека е доста голем „удар“ за Boeing, а посебно што SpaceX ќе бидат тие кои ќе мора да ја исправат нивната грешка.