Сите ние имаме барем мала претстава од што се направи смартфоните кои ги користиме. Повеќето од нас имаат добра претстава што е внатре во овие уреди, а има доста видеа од телефони кои се расклопени за да се видат компонентите во нив.

Меѓутоа, од што точно се направени овие уреди и какви се’ материјали се користат, односно кој е нивниот, кратко кажано, хемиски состав.

Одговор на ова прашање даваат Др. Арџан Дикстра и Др. Колин Вилкинс, геолози на катедрата за Географија, Земја и Наука за животната средина при Универзитетот на Плимут (Dr Arjan Dijkstra and Dr Colin Wilkins, geologists from the University’s School of Geography, Earth and Environmental Sciences, University of Plymouth).

Тие земаат iPhone телефон, нешто постар модел и го ставаат во блендер. Добиениот резултат од блендерот се комбинира со моќен оксидатор на температура од 500 степени Целзиусови.

Резултатот е прашкаста маса која во комбинација со киселини, може да се анализира и да се добие одговорот за составот на материјалите од кој е составен овој телефон.

Видеото во продолжение во кое е опишан процесот, како и сите елементи од кои се составени паметните телефони е направено во соработка со Real World Visuals, компанија за анимација која се погрижува да сето ова изгледа одлично и лесно за разбирање.

Од универзитетот истакнуваат дека компаниите ќе треба да најдат некое решение за телефоните почесто да се рециклираат наместо сите материјали повторно да се вадат од „Земјата“.

ИЗВОРUniversity of Plymouth
ИЗВОР 2PC Mag
Претходна статијаАнатомија на вистината: Сите сезони од оваа крими-серија пристигаат на Pickbox
Следна статијаДали Microsoft Edge ќе биде достапен на Linux?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.