Со самиот почеток на пандемијата „Ковид-19“, луѓето ширум светот станаа се позагрижени за своето здравје и благосостојба од кога било досега. На што се должи ова? Голем дел е благодарение на поголемата свест за здравствените придобивки од спиењето.

Сонот претставува обновување на умот и телото. Добриот сон го зајакнува и физичкото и когнитивното здравје и им помага на луѓето подобро да ги извршуваат задачите кои бараат долги периоди на концентрација. На пример, одморот може да им помогне на луѓето да работат попродуктивно, да возат побезбедно и да размислуваат појасно.

Со оглед на тоа дека пандемијата влијаеше на нашите секојдневни навики, корисно е да се испита како се промени нашиот сон во сето ова.

Ајде да погледнеме како должината на спиењето и ефикасноста се променија низ целиот свет од почетокот на пандемијата преку шемите на спиење на корисниците на апликацијата Samsung Health.

Должината на спиењето во однос на ефикасноста: Зошто е важно?

Кога станува збор за спиењето, подолгото спиење не значи и поквалитетен сон. За таа цел Samsung направија анализа. Должината се однесува на времето што го поминуваме во кревет додека се обидуваме да спиеме, додека ефикасноста на спиењето го мери процентот на време во кревет што всушност го поминуваме спиејќи.

Иако промените во животниот стил за време на пандемијата ги наведоа луѓето ширум светот да спијат подолго, не постои корелација помеѓу должината на спиењето и ефикасноста на спиењето.

Всушност, и покрај тоа што луѓето во сите земји во просек спијат подолго отколку пред пандемијата, има севкупен пад во ефикасноста на спиењето.

Покрај тоа, резултатите зависат од полот. Иако и мажите и жените се одмораат повеќе отколку пред пандемијата, забележано е поголемо зголемување на должината на спиењето и поголемо намалување на ефикасноста на спиењето кај мажите отколку кај жените.

Возраста е уште еден фактор што дава интересни сознанија. Иако сите возрасни групи спиеле подолго, ефикасноста на спиењето се намалува како што старееме. Исклучок се луѓето на возраст меѓу 20 и 39 години, кои забележале скок во ефикасноста на спиењето. Исто така, оваа возрасна група е единствената во која има значително зголемување и на должината и на ефикасноста на спиењето.

Како пандемијата ги промени навиките за спиење во различни региони?

Подлабоко ги разгледавме и 16-те земји во кои луѓето најмногу ја користат апликацијата Samsung Health за да видиме како трендовите во навиките за спиење се разликуваат по регион. Иако во сите 16 земји се забележува зголемување на должината на спиењето – со тоа што луѓето се будат подоцна во просек отколку пред пандемијата – влијанието врз ефикасноста на спиењето варира.

Еве ги разликите во глобалните навики за спиење по регион:

  • Иако должината на спиењето остана најдолга – и пред и по пандемијата – ефикасноста на спиењето се намали во Франција.
  • Кај корисниците во Јужна Кореја е забележано едно од најголемите зголемувања во должината и ефикасноста на спиењето за време на пандемијата, но сепак остануваат под глобалниот просек.
  • Во САД е забележан најголем пад на ефикасноста на спиењето од сите набљудувани региони.
  • Иако Германија ги имаше најдобрите резултати за ефикасноста на спиењето во светот пред пандемијата, тука е  забележан еден од најголемите падови во ефикасноста на спиењето оттогаш.
  • Во Аргентина е забележана највисока ефикасност на спиењето од почетокот на пандемијата.
  • Иако Индонезија беше регион со најниска ефикасност на спиењето пред пандемијата, сега е Виетнам. Покрај тоа, од сите 16 набљудувани земји, Индонезија доживеа најголем пораст на ефикасноста на спиењето во споредба со периодот пред пандемијата.
  • Во Индонезија, од почетокот на пандемијата е забележано и будењето одложено за 11 минути во просек. Ова беше и сè уште е регион со најрано време на будење.
  • Мексико е регионот каде што има најголема промена во времето на будење и одење во кревет. Спиењето во просек се менувало за 11 минути, додека будењето доцни 17 минути.

Како можете да го подобрите квалитетот на вашиот сон

Често се вели дека здрав сон за просечен возрасен е 8 часа во текот на ноќта. Сепак, како што покажуваат резултатите, квалитетот на сонот може да биде важен фактор што треба да се земе предвид. Следењето на спиењето е еден од начините на кои можеме подобро да ги разбереме моделите на спиење за да спиеме подобро.

Голем број од корисници на Galaxy активно го следат квалитетот на спиењето, а 50 проценти од корисниците на Galaxy Watch го следат нивниот сон барем еднаш неделно. Од тој број, 40 проценти го прават тоа повеќе од три пати неделно. За подобро да управувате со вашиот сон, погледнете ги овие совети за користење на Galaxy Watch и земете ги во предвид, така што секој ноќен сон ќе ви донесе што повеќе одмор.

  • Следете ги вашите обрасци на спиење: Резултатите за спиење ви обезбедуваат детални податоци за тоа кога влегувате во длабок сон, РЕМ сон и како се разликуваат времињата на спиење и будност
  • Подобро разбирање на квалитетот на вашиот сон: со следење на кислородот во крвта и откривање на ‘рчењето, можете да дознаете повеќе за вашите шеми на спиење, како и за вашето целокупно здравје.
  • Испробајте програма за обука за спиење: со обуката за спиење, добивате приспособена програма за водич за спиење базирана на вашите постоечки навики, претставена со еден од осумте симболи, за подобро да го разберете и подобрите вашиот сон.
  • Поставете идеална средина за спиење: бидејќи местото каде што спиете е исто толку важно како и начинот на кој спиете, размислете да поставите автоматски поставки за контрола на температурата и светлината во вашиот дом за да ја направите околината идеална за одмор.

Повеќе информации може да најдете на: https://news.samsung.com/global/understanding-sleep-how-our-sleeping-habits-changed-over-the-pandemic?utm_source=mainkv&utm_medium=internal

Претходна статијаNASA ја потврди промената во движењето на астероидот Dimorphos во кој намерно го удри своето летало од мисијата DART
Следна статијаБројката на компјутери кои не се компатибилни со Windows 11 е голема