Како што најавува пробивното истражување од научниците од Универзитетот во Нов Јужен Велс (University of New South Wales – UNSW) во Австралија, објавено изминатиот месец во зборникот Proceedings of the National Academy of Sciences, терапиите со матични клетки способни за регенерирање на секое човечко ткиво оштетено од повреда, болест или стареење, може да бидат достапни во рок од неколку години.

Инспирирани од начинот со помош на кој некои опашести водоземци (дождалци т.е. саламандери) ги регенерираат своите екстремитети, научниците го изработуваат системот за обнова што може да се употреби за регенерација на сите делови од човечкото тело. Оваа нова технологија има потенцијал да ги трансформира досегашните пристапи на регенеративната медицина, започнувајќи од обновувањето на `рбетните пршлени, па се` до скршениците и тн.

Новата техника што ги репрограмира коскените и масните клетки во индуцирани мултипотентни матични клетки (induced multipotent stem cells – iMS) успешно е демонстрирана кај глувци, истакнува Џон Пиманда (John Pimanda) главниот автор на студијата кој воедно е хематолог и вонреден професор од UNSW. „Оваа техника претставува значаен напредок за многу од досегашните недокажани терапии со матични клетки, кои покажаа малку или воопшто објективни докази дека тие директно придонесуваат за формирање на ново ткиво. Ние во моментов проценуваме дали возрасните човечки масни клетки репрограмирани во iMS клетки, можат безбедно да ги поправат оштетените ткива кај глувци, при што се очекува клиничките обиди да започнат кон крајот на 2017 година“ – изјавува Проф. Пиманда.

Тимот разви техника наречена мултипотентност што ја брише меморијата на зрелите клетки, односно им ја дава можноста да ги изгубат своите возрасни карактеристики, а од друга страна да се размножуваат и да регенерираат повеќе типови на клетки. Ова е неверојатно достигнување затоа што во моментов не постојат возрасни матични клетки, кои природно регенерираат повеќе типови ткива.

Истражувачите од UNSW истакнаа дека најголемото достигнување кај оваа студија е тоа што терапијата со iMS има огромен потенцијал за лекување на повреди на ‘рбетниот диск, зглобовите и мускулна дегенерација и исто така, може да ја забрза регенерацијата по сложени операции, каде што коските и зглобовите треба да се интегрираат со телото.

Оваа техника развиена од страна на истражувачите од UNSW, вклучува вадење возрасни човечки масни клетки и нивно третирање со соединението 5-Азацитидин (5-Azacytidine – AZA), заедно со плочестиот добиен од фактор на раст-AB (PDGF-AB) за приближно два дена. Тогаш клетките се третирани само со фактор на раст низ уште две-три недели. Соединението AZA е познато по предизвикувањето на пластичноста кај клетките, што е неопходно за нивно репрограмирање. Откако новите матични клетки се вметнати во оштетеното ткиво, тие се размножуваат, што доведува до исцелување.

a5_size_-_how_it_will_work_2
По успешниот обид врз глувци, следува клиничкиот обид врз луѓе

Научниците веруваат дека со помош на овој нов систем со iMS, досегашните проблеми на сличните терапии со ембрионски матични клетки (Embryonic stem cells – ES), ќе бидат конечно надминати.

Еден од авторите на студијата Д-р Ваш Чандракантан (Vashe Chandrakanthan) кој ја развил технологијата, рече дека новата техника е надградување на други досегашни терапии со матични клетки, кои имаат голем број на недостатоци. „Ембрионските матични клетки не можат да бидат употребени за третирање на оштетените ткива, поради нивниот капацитет за формирање тумори.

Другиот проблем при генерирањето на матични клетки е потребата од користење на вируси за трансформирање на клетките во матични, што клинички е неприфатливо“ – вели Д-р Ваш.

Клиничките испитувања врз пациенти ќе бидат предводени од страна на Dr Д-р Ралф Мобс (Ralph Mobbs) неврохирург и предавач во Клиничкиот факултет на Принцот од Велс од Универзитетот во Нов Јужен Велс (UNSW’s Prince of Wales Clinical School), откако ефикасноста и безбедноста на студијата е веќе проверена врз заморчињата.

Покрај регенерацијата на пршлените, возможна е и регенерација на зглобовите и мускулите
Покрај регенерацијата на пршлените, возможна е и регенерација на зглобовите и мускулите

Извори: Newsroom, ScienceDaily, ScienceAlert

Претходна статијаFirefox за првпат со повеќе активни корисници од прелистувачите на Microsoft
Следна статијаMicrosoft го продаде остатокот од Nokia на подружница на Foxconn