Во април оваа година NASA ја прикажа првата слика некогаш направена од црна дупка со која се дозна нешто повеќе за овие вселенски форми, а и се потврдија дотогашните теории. Информациите преку кои е овозможена првата слика од црна дупка, поточно од хоризонтот на настани, кој е видлив, се собрани преку таканаречениот виртуелен радио телескоп составен од повеќе телескопи на различни локации на Земјата.

Наречен „Event Horizon Telescope“, морало да биде направен како комбинација од повеќе радио телескопи низ Земјата. Овие телескопи собираат податоци, по што тие што се собрани во истото време, можат потоа да се комбинираат за креирање на еден целосен заклучок.

Поради тоа што направена слика со телескопот не е баш погодна за да може да се разбере точно од страна на „обичните“ луѓе, NASA претстави слика која е визуелизација од тоа како изгледа црната дупка.

На сликата се гледа дисторзијата која ја прави огромната гравитација на црната дупка, како и светлото кое се емитува во различна јачина од гасот која полека „паѓа“ во црната дупка и уште успева да емитува светлина.

Од NASA истакнуваат дека светлото на левата страна од сликата е посилно поради тоа што гасот во своето кружење околу црната дупка, се движи во „наш“ правец, додека на десната страна се оддалечува.

Поради дисторзијата, горниот дел од сликата всушност го претставува задниот дел, од точката на набљудување на црната дупка, па слободно може да се каже дека оваа слика е навистина нешто посебно.

Интересно е да се напомене колку точно го имаат замислено и претпоставено изгледот на црна дупка во филмот Interstellar. Тоа покажува дека научните претпоставки и теории кои биле до првата слика, се имаат покажано прилично точни.

Повеќе информации и објаснување за објавена слика можете да прочитате на оваа статија од NASA.

ИЗВОРNASA
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаAndroid Go надграден на десеттата верзија од оперативниот систем
Следна статијаPixel 4 XL повторно прикажан на слики од уред до којшто неофицијално е дојдено
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.