Се поверојатно станува дека во блиска иднина ќе ја видиме и првата човечка мисија на Марс, ако најавите и плановите се остварат. Еден од поважните делови од една ваква мисија е секако времето кое е потребно да се стигне до популарно наречената црвена планета.

Патот до Марс, кој обично се планира кога поставеноста на Земјата и Марс е во најпогодна позиција, обично трае околу 6 до 7 месеци, па ова секако е доста долго време за астронаутите да поминат во мал простор, помал од тој во МВС.

NASA веќе спонзорира студија во која компании може да доставуваат концепти за погонски технологии, а една од нив која привлекува доста внимание е технологијата која користи нуклеарно гориво или кратко кажано нуклеарна ракета.

Компанијата Ultra Safe Nuclear Technologies или скратено USNC-Tech, има доставено концепт ракета на нуклеарен погон која треба да го скрати патувањето до Марс на само 3 месеци.

Нуклеарните ракети се смета дека овозможуваат многу поголем „импулс“ од хемиските кои сега се користат, со што се постигнува поголема брзина на патување, но и можност за пренесување на повеќе и потежок товар.

Од компанијата истакнуваат дека имаат развиено систем за нуклеарен погон и нуклеарно гориво кои се побезбедни и со тоа пренесувањето на луѓе со вакви ракети би било многу повеќе прифатливо.

„Ние сакаме да ги предводиме напорите за отворање на нови граници во вселената и да го направиме тоа брзо и безбедно. Нашиот мотор ја максимизира употребата на докажана технологија, ги отстранува можностите за неуспех на претходните NTP концепти и има специфичен импулс кој е за два пати поголем од тој кај хемиските системи.“ – истакна Др. Мајкл Едес инженер во USNC-Tech.

ИЗВОРNewAtlas
ИЗВОР 2USNC-Tech
Претходна статијаОд кои спортови ќе имате најголема полза? Huawei Watch GT 2 Pro е совршен придружник за сите
Следна статијаУчениците од с. Долно Косоврасти победија на онлајн натпреварот по кодирање со уредот „Микро:бит“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.