Shutterstock.com

Кина се смета за број 1 загадувач во светот, односно како земја која има најголема емисија на гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, односно зголемувањето на температурата на планетата. Ова секако се должи на големата индустријализација и напредок на една земја која има огромен број на население и површина.

Поради тоа, најавата на кинескиот претседател се смета за многу важен момент во борбата со климатските промени. Поточно, претседателот Ши Џинпинг најави дека тие планираат да ја направат Кина земја со неутрален јаглероден отпечаток до 2060 година. Ова можеби делува доста време, но повеќето земји имаат слични планови, а истите се дел од Парискиот договор.

Неутрален јаглероден отпечаток, како гас кој се смета за главниот придонесувач кон ефектот на стаклена градина и климатските промени, значи дека една земја нема да испушта во атмосферата повеќе јаглероден диоксид од тоа што успева да го собере преку садење на голем број на дрва и други начини преку технологија.

Со други зборови, доколку планот се оствари, Кина од 2060 година веќе нема да придонесува во загадувањето на околината и со тоа негативно да влијае на климатските промени.

Кога ќе се земе во предвид дека Кина има огромен процент од светското загадување, оваа одлука од оваа земја се очекува да направи голема разлика.

Нема да има потреба да се чека баш до 2060 затоа што од Кина истакнуваат дека се очекува да се достигне врвот пред 2030, односно по оваа година нема да има зголемување на емитувањето на гасови во атмосферата, а тие би почнале да се намалуваат.

Иако има несогласувања во светот, се верува дека големата емисија на јаглерод диоксид во атмосферата придонесува кон зголемување на температурата на планетата, која ако се зголеми за само 1,5 степени, се очекува дека ќе се зголеми бројот на сериозни невремиња, нивото на океаните, ќе има негативно влијание на насадите со култури од растенија и слично.

ИЗВОРStandard UK
Претходна статијаNASA тестира нов материјал кој ќе овозможи свиткување на крилата на авионите за време на лет
Следна статијаAmazon One ја користи дланката за идентификација на корисниците во продавниците и другите места
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.