ИНРЕКОМ

На македонскиот пазар моментално функционираат 4 мобилни оператори, од кои 2 се виртуелни, односно ја користат мрежата на другите и немаат сопствена мрежа. Каква е понудата на овие оператори, колку корисници имаат, колку се тие задоволни и што очекуваат од операторите, истражува Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ.

Ова е втора ваква анализа на институтот, а оваа година се прави споредба со состојбата од лани. Истражувањето е направено од 13 до 28 февруари преку електронска анкета на 650 испитаници.

„Анкетата покажа интересни тенденции во навиките на корисниците, но и нивните идни аспирации кога се во прашање очекувањата и можноста за продолжување претплата кај одреден оператор. Анкетата покажа дека најголем број од анкетираните користат пост-пејд претплата и се корисници на Македонски Телеком и А1 Македонија.“ – истакнуваат од институтот.

Истражувањето на ИНРЕКОМ исто така открива дека главната разлика од минатата година е што операторите го имаат зголемено бројот на гигабајти кои им ги нудат на корисниците во нивните пакети, а се истакнува и воведувањето на „VoLTE“ технологијата кај двата најголеми оператори.

ИНРЕКОМ

Двата најголеми оператори имаат скоро ист процент на пазарот, со мала предност на Македонски телеком со 45,2%, додека А1 Македонија има 44,1%. Лајкамобајл се на третото место со пазарно учество од 9,2%, додека новиот оператор Телекабел има 1,5%.

Македонски Телеком го задржува угледот како оператор со најдобар сигнал, за што се изјасниле 67,7% од испитаниците. Сепак, на прашањето за соодносот помеѓу цената и услугата, подобро се покажува А1 Македонија со 38,5%, наспроти 24,6% кај Македонски Телеком.

ИНРЕКОМ

Целата анализа и одговорите на испитаниците можете да ја погледнете на овој линк.

ИЗВОРИНРЕКОМ
Претходна статијаЗа прв пат кај нас! CyberMK 2020 – Прв Национален натпревар во сајбер безбедност – хакатон
Следна статијаНееднаквост во светот на криптовалутите?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.