Утре, со почеток во 18:00 часот по македонско време, ESA – Европската Вселенска Агенција, ќе го пушти првиот досега „стриминг во живо“ од орбитата на Марс. Тоа ќе го направи преку камерата на своето летало Mars Express кое својата мисија ја започна во 2003 година.
Снимките од Марс ќе бидат пуштени како прослава за 20 годишнината од почетокот на мисијата на Mars Express која воопшто не било планирано да трае толку долго време.
Стримингот сепак нема да биде во живо во класичната смисла на зборот, а како што истакнуваат од ESA, кога се работи за вселената тоа не е ни можно. Слики од камерата на Mars Express ќе бидат пуштани како што пристигнуваат, а за тоа ќе им биде потребно време од 3 до 22 минути.
Видеото веќе е поставено на YouTube, па на овој линк ќе можете да го гледате утре кога официјално ќе биде пуштено.
Камерата на Mars Express, која е наречена Visual Monitoring Camera или скратено само Mars Webcam е планирано да се користи само за следење на одвојувањето и слетувањето на Beagle 2 леталото. По успешното завршување на овој дел, кој сепак имаше мали проблеми, камерата била исклучена.
Повторното вклучување е направено во 2007 со цел камерата да се користи за научни активности, како што истакнуваат од ESA, вклучувајќи ги ентузијастите за наука и образовните институции.

Развивме нови, пософистицирани методи на функционирање и обработка на слики, за да добиеме подобри резултати од камерата, претворајќи ја во осмиот научен инструмент на Mars Express“, истакна Хорхе Хернандез Бернал, дел од тимот на VMC. „Од овие снимки откривме многу, вклучително и еволуцијата на ретка издолжена формација на облак што лебди над еден од најпознатите вулкани на Марс – Арсија Монс висок 20 километри“.