musk-colbert-mars

Елон Маск, веќе добро познат на јавноста најмногу по неговата компанија Tesla Motors, меѓутоа и по SpaceX, исто така е познат и по неговата желба да испрати луѓе на Марс. Идејата на Маск е да се изгради цел град на „црвената планета“ каде што би се испратила цела колонија на луѓе кои што ќе вршат истражувања.

Се разбира доколку вакво нешто се оствари во иднина, колонијата би била населена во специјално направени градби кои што би ги штителе луѓето од атмосферата која што не е погодна за живот.

Маск сепак смета дека тоа би бил случајот во почеток, а планетата би можела да се направи погодна за живот. Неговата идеја Маск ја кажува на интервју кај познатиот комедијант Стивен Колберт во неговото шоу The Late Show with Stephen Colbert.

Како што кажува во интервјуто, планетата може да се трансформира на побавен или побрз начин. Побрзиот начин вклучува испраќање на термо-нуклеарно оружје на половите на планетата, што според него значително би го забрзало процесот на трансформирање на атмосферата на планетата.

Инаку Марс има ретка атмосфера која што е составена во главно од јаглероден диоксид. Планетата исто така ја има изгубено магнетосферата која што штити од зрачењата од вселената, а посебно од сонцето.

Во продолжение можете да го погледнете делот од интервјуто каде што се кажува оваа идеја, меѓутоа сепак се работи за шоу, па некои посебни научни објаснувања не треба да очекувате. Се разбира, ваквата идеја е далеку од остварување, но сепак е интересно да се види како одредени луѓе размислуваат на теми кои што се поголеми од локалните.

Извор: YouTube, Cnet, IFLScience

Претходна статијаBaidu Duer – Кинеска конкуренција на Siri, Cortana и Google Now
Следна статијаFacebook воведе нотификации за Android корисниците преку Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.