LHC или Large Hadron Collider е моментално најголемиот, но и најпознат судирач на честички којшто се користи за откривање на многу работи кои повеќето од нас не ни можеме да почнеме да ги разбираме, барем не на доволно ниво.

Овој судирач е сместен во близина на Женева, односно под земја, а се протега во должина од 27 километри. Оваа да ја наречеме лабораторија е раководена од страна на CERN, односно Европската Организација за Нуклеарни Истражувања.

Од CERN веќе размислуваат што по LHC. Иако со моменталниот LHC се направени повеќе досега незамисливи откритија, сепак изгледа дека за да може да се продолжи и да се откријат уште повеќе работи, ќе треба судирач со поголема енергија.

По LHC би дошол FCC, односно Future Circular Collider кој би бил околу 4 пати поголем од моменталниот, односно би се протегал на должина од 100 километри. Судирањето на честичките во овој судирач би било со поголема брзина, а со тоа и со многу поголема енергија.

Што се ќе можат да се открие со FCC ќе треба да почекаме. Тој оптимистички се очекува да биде изграден до 2040 доколку биде одобрена неговата изградба, а за истото, покрај други фактори, ќе требаат и многу пари. Сепак, бројот на земји и научни установи кои се дел и ќе бидат дел од овој проект се многу, па верувам дека финансиите не би биле проблемот број 1.

ИЗВОРMIT Techology Revew
Претходна статијаПовеќе светски брендови започнуваат сервис за достава на нивните производи во пакување кое повторно може да се искористи
Следна статијаFirefox 65 донесува повеќе опции за заштита на приватноста на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.