Shutterstock.com

Истражувачи од King’s College London, Massachusetts General Hospital и компанијата ZOE, имаат развиено алатка базирана на вештачка интелигенција која со голема точност може да предвиди дали некој можеби има COVID-19. Предвидувањето се прави преку анализа на симптоми, а точноста се истакнува дека е на 80%.

Со оглед на тоа што SARS-CoV-2 се покажа дека полесно и повеќе се пренесува во споредба да речеме со сезонски грип, па кога на тоа ќе се додаде периодот на инкубација кој и влијае на големата преносливост, навременото, масовно и точно таргетирано тестирање се смета за клучно во ограничувањето на ширењето на вирусот.

Причината за тоа е големиот број на заболени кои немаат симптоми, а сепак можат да го пренесат вирусот, а тука е и периодот додека заболените покажат симптоми, период во кој исто така можат да го пренесат вирусот. Навременото откривање на тоа кој се го има вирусот може значително да го намали ширењето со нивно навремено изолирање, како и откривање на нивните контакти.

Алатката со вештачка интелигенција е замислена да помогне во откривањето на заболените, без директно тестирање, а посебно на места каде пристапот до тестови е ограничен и тие не се прават во доволен број.

Начинот на којшто алатката предвидува кој може да е заболен е врз основа на анализа на симптомите кои ги имаат внесувано повеќе од 2 милиони луѓе во апликацијата COVID Symptom Study. Од овие луѓе, 18.374 се тестирале за COVID-19, а 7.178 од нив биле позитивни.

Врз основа на резултатите и симптомите кои ги имаат пријавувано луѓето, вештачката интелигенција може да заклучи кои симптоми и нивна комбинација овозможуваат поголема шанса да корисникот кој ги внесува ја има болеста.

Според резултатите, иако висока температура и кашлица се сметаат за главни симптоми, сепак, губењето на чувството за мирис и вкус се смета за поголем показател. Тоа го покажуваат резултатите каде дури две третини од тие што биле позитивни на COVID-19 ги имале овие два симптоми, за разлика од нешто над една петтина кај тие кои биле негативни.

Овие два симптоми, заедно со губењето на апетит, односно прескокнувањето на оброци се главните кога алатката предвидува дали некој е можеби заболен со COVID-19, а точноста е 80%. Иако ова не делува како доволно висока точност, сепак алатката е тука само да предупреди со цел да се преземат мерки.  

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2EurekAlert
Претходна статијаHuawei го претстави P30 Pro New Edition со апликациите и сервисите од Google
Следна статијаTwitter ќе им дозволи на вработените да работат од дома и по завршување на „корона“ состојбата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.