shutterstock_272075891-796x398

За можноста да се отклучи телефон со испринтан прст од корисникот веќе знаевме досега, но сега тоа се случи и во реалниот живот. Приказната е малку морбидна, бидејќи искористен е 3D принт на мртов човек, но е барем за добра цел, односно да се најде неговиот убиец.

Интересно, полицијата ќе ги искористи отпечатоците на прстите на човекот кои биле земени додека бил тој жив, веројатно при вадење на некој личен документ. Потоа, тие се дадени на професор од Државниот Универзитет во Мичиген, кој од отпечатоците прави 3D модел кој потоа може да се искористи за отклучување на телефонот.

Лабораторијата на професорот ќе направи модел од сите прсти на корисникот, бидејќи полицијата не знае со кој прст го отклучувал телефонот. 3D моделот ќе биде од пластика, но ќе биде обложен со тенок филм на ситни метални парченца за да може сензорот за отпечатоци воопшто да го прочита моделот.

Секако, како и секогаш кога државата сака да влезе во телефонот на некој човек се поставува прашањето за приватност и навистина делува лошо да се откријат тајните на некој човек, особено откако е починат. Сепак, полицијата тука се брани со тоа дека во законот има забрана за навлегување во приватноста само доколку човекот е жив, односно со барање негова дозвола.

Овој развој на настаните од друга страна дефинитивно отвора можност да се земат отпечатоците и од некој жив човек, иако тој одбива да го отклучи телефонот. Полицијата дури и нема да треба да ги искористи прстите на корисникот, туку само неговите отпечатоци оставени во полицијата… Секако, технологијата наскоро ќе има решенија и за ова – Synaptics развива нов сензор кој може да препознае дали се обидувате да отклучите со вистински прст, што дефинитивно може да ги заштити корисниците од влегувањето во нивната приватност.

Извор: TechRadar, The Next Web, The Verge

Претходна статијаКритична маса #51: Одвози и уживај
Следна статијаVerizon го купува Yahoo за 4,83 милијарди долари