Иднината на човештвото многу научници ја гледаат во нуклеарната фузија. Ова е обратен процес од фисијата, која ги распаѓа атомите и која ние ја знаеме како радијација и е истиот процес на кој сонцето ја произведува својата енергија. Поточно, сонцето произведува потешки елементи (на пример од водород прави хелиум) преку збивање на атомите.

Научниците веќе подолго време работат на начини како да добијат енергија од фузија. Досегашните обиди беа неуспешни, од едноставна причина што за да се направи фузија треба да вложите поголема енергија отколку што ќе добиете, односно ефикасноста досега беше помала од нула, а исто така реакторите со фузија се многу опасни, поради електроните кои одненадеж можат да избијат од реакторот.

Сепак, ново истражување објавено во Physical Review Letters, вели дека има решение за вториот проблем, односно за безбедноста на самите реактори. Имено, електроните кои ќе бидат исфрлени од реакцијата можат да бидат на некој начин „смирени“ со внесување на потешки јони во реакторот, како на пример од аргон и неон. Со судирањето со овие јони, електроните кои излегуваат од реакторот ја намалуваат својата енергија, односно им се намалува брзината.

Ова е сепак само еден чекор кон добивање на енергија од фузија – многу е потешко да се реши првиот, односно ефикасноста на овие реактори. Научниците се оптимисти, но велат дека има уште многу работа – многупати од нив ќе слушнете дека е многу полесно да стапне првиот човек на Марс, отколку да се добие вистински ефикасен реактор со фузија.

Извор: Engadget, New Atlas, Phys

Фото: Eurofusion

Претходна статијаСтоте најцрни денови во сообраќајот допрва доаѓаат
Следна статијаНови информации за Pixel 2 смартфоните, ќе имаат стисливи страни како HTC U11?