mk2025-summit-1

Со свечени обраќања на Вера Ставроф, Мајк Зафировски и Живко Мукаетов, во улога на членови на одборот на директори, денес беше отворен петтиот по ред Самит во организација на Македонија2025. Тие го истакнаа огромното задоволство на организаторот во однос на континуитетот на настанот, квалитетот на говорници како и импресиите на учесниците. Овие два дена Скопје ќе биде регионален центар каде учесниците ќе ги слушнат најновите светски трендови во бизнисот, инвестициите, финансиите, лидерството, иновации и технологија.

Повеќе од 250 гости ќе проследат дискусии за економскиот напредок на Македонија според мерниот индекс составен од Македонија2025 во соработка со МекКинзи. Делегатите ќе проследат дебатни сесии за одржливоста на енергенсите и можноста да се користат обновливи извори на енергија според примерот на нордиските земји кои планираат 100% да се снабдуваат со одржлива енергија. Ќе се зборува и за циркуларната економија, темин кој означува револуција во индустриската економија преку намалување на отпадот и избегнување на загадувањето. Експерт од Европска Унија ќе зборува за трансформирање на градовите во паметни градови според примерот на неколку европски центри. Свои излагања ќе имаат повеќе од 40 говорници, а за прв пат во регионот ќе биде претставена програмата на Европската вселенска агенција и можноста приватниот сектор да се вклучи во нивните истражувања. Ќе бидат презентирани најновите светски технолошки достигнувања како емоционално инженерство, теле-здравје и развој на интелигентна комуникација помеѓу машини.

mk2025-summit-2

Македонија2025 е организација која овозможува пренос на знаење од успешната дијаспора кон македонските иновативни компании. Работата на организацијата ќе биде споредена со најуспешниот светски пример на организирана дијаспора, преку лидерскиот говор на Гиди Марк, Извршен Директор на Birthright од Израел. Тој ќе зборува за тоа како големата и разновидна дијаспора на Евреи ширум светот придонесува оваа земја да биде светски водач во иновации и развој на производи. Македонија има голем капацитет во својата дијаспора кој не е искористен. Преку ваков тип на настани, организаторот се обидува да ги охрабри успешните македонци од светот да остварат различни видови соработка со родната земја.

Претходна статијаKirin 960 на Huawei е најбрзиот мобилен чип на планетава?
Следна статијаGoogle претстави посебна Wallpapers апликација