WITCON е конференција чијашто главен фокус и цел е технологијата и иднината. Преку панели спикери-професионалци од индустријата ќе ги споделат своите искуствата на актуелни теми во ИТ индустријата во последните неколку години, предизвиците со кои компаниите се соочуваат и како ги решаваат истите.

Низ неколку часа на активни панели на различни теми ќе бидат дискутирани трендовите во индустријата, но и покрај нив и ќе се разговара и за што е она што следно би очекувале во секој сегмент. Спикерите ќе го пренесат своето професионално искуство и успешни приказни креирани од долгогодишна работа со светски компании, кои функционираат од Македонија и регионот на конкретните теми.

Следете не’ на социјалните мрежи за повеќе детали за конференцијата, кои ќе бидат објавени наскоро на нашите профилина Facebook, LinkedIn и Instagram.

Зачувајте го 20ти мај за WITCON и очекувајте одлични спикери и одлична атмосфера.

Претходна статијаКои уреди нема да ја добијат надградбата на iOS 17 и iPadOS 17
Следна статијаСо купување на одредени паметни телефони, Samsung ви подарува Galaxy Watch5