Машинско учење, големи податоци, вештачка интелегенција и блокчејн технологија се едни од жестоките теми на кои се говори и работи во светот на финансиите. Како натамошниот развој на технологијата ќе влијае на финансискиот свет? Кои бариери ќе бидат надминати со новиот закон за платен промет и каков напредок ќе се постигне во однос на дигиталните плаќања? Како може да се придонесе за развојот на финтек сцената во Македонија?

Одговор на овие прашања ќе добиете на еден од првите финтек настани во Македонија Ерата на финтек, организиран од Women In Tech Macedonia. Настанот ќе се одржи утре, на 15.12 во 18 часот, а своето место може да го обезбедите со регистрација на следниот линк.

Ќе имате можност да ги слушнете презентациите на говорниците секој со својата експертиза, по што ќе следи панел дискусија која ќе овозможи информирање за основите на дигиталната трансформација, со акцент на финансиската технологија.

Говорници на настанот се:

  •  Маја Кадиевска Војновиќ – Финансиски експерт, поранешен вицегувернер на НБРСМ, предавач на Американ Колеџ Скопје
  •  Димитар Трајановски – Специјалист за платни системи @ Клириншка Куќа КИБС
  •  Мартина Наумовска – Директор на оддел за вештачка интелигенција @ ДатаМастерс
  •  Ефтим Здравевски – Главен извршен директор @ Magix.AI
  •  Игор Маџов – Програмски директор/ Инвестициски фацилитатор Западен Балкан @ Стартап Македонија/SwissEP
  • Дејан Алексов – Адвокат @ Адвокатска канцеларија Алексов

Настанот е бесплатен и отворен за сите оние кои се запознаени со финтек, но и почетници кои допрва сакаат да влезат во светот на финансии и технологија.

Регистрирајте се на следниот линк или прочитајте повеќе информации на официјалната Facebook страница.

Претходна статијаSamsung Galaxy S21 прикажан на прво неофицијално видео
Следна статијаЕлон Маск најави дека се сели од Калифорнија во Тексас и тој не е единствен