Со голема гордост Women in Tech Macedonia го најавува првиот настан од серијалите Tech Insights за 2023 година. Сè што сте сакале да знаете за GPT, а не сте прашале е темата на првиот настан за оваа година. Своето знаење и искуство ќе го сподели Стојанчо Туџарски, експерт со 30 годишно искуство во ИТ сферата, од кои 13 посветени на машинско учење како главен говорник на настанот.

Придружете ни се  на Zoom на 15ти февруари со почеток од 18:00 часот.

Последните 3 години Туџарски работи интензивно со јазичните модели и прв тренира такви спрема најновите архитектури на невронски мрежи за сите балкански јазици, објавени на https://huggingface.co/macedonizer.

Низ реалното искуство со машинско учење и вештачка интелигенција, дознајте кои се бенефитите од GPT за различни сфери тргнувајќи првично од бизнис сферата, иновација и технолошки развој. На свое големо задоволство Стојанчо ќе ги сподели и последните новости во изминатиот период.

Настанот е бесплатен и онлајн достапен за сите заинтересирани. Пријавете се на линкот и дознајте повеќе за улогата на GPT во индустријата.  Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech, приклучете се кон заедницата тука.

Претходна статијаGoogle ја пушти првата верзија од Android 14 за програмерите
Следна статијаКопчето за пребарување во Windows 11 ќе може да се менува во неколку различни стилови