Samsung денеска го одржува својот Galaxy Unpacked настан којшто за првпат поради корона кризата ќе се одржи само онлајн. За повеќето гледачи на настаните од Samsung можеби и ќе нема некоја разлика, па настанот повторно ќе биде достапен за следење во живо преку YouTube.

Samsung веќе потврди дека на овој настан треба да очекуваме претставување на пет моќни уреди, а неофицијалните информации како и секогаш, не оставаат многу за изненадување од официјалното претставување.

Од тоа што можевме да прочитаме досега, а и од силуетите кои се гледаат во „трејлерот“ кој го објави Samsung, очекуваме претставување на Galaxy Note20 телефоните, потоа новите и интересни слушалки Galaxy Buds Live, нова генерација од Galaxy Watch паметниот часовник, втората генерација од Galaxy Fold, како и нови таблет компјутери.

Настанот ќе започне во 16:00 часот според македонско време и ќе може да се следи во живо на видеото во продолжение, а секако можете да кликнете на насловот од видеото ако сакате да го отворите директно на YouTube.  

Претходна статијаДали сте заштитени од Cyber напади?
Следна статијаА1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.