VALORANT е воено-тактичка игра со пукање во прво лице (FPS), која се игра во тимови од по 5 играчи, совршена за гејмери кои имаат добро истренирани рефлекси за изведување на прецизни движења со оружје. Создадена од креаторите на League of LegendsRiot GamesVALORANT е игра која се базира и фокусира на системот Пребарувај и Уништи, каде едниот тим напаѓа со поставување на бомба, а другиот тим се брани со деактивирање на бомбата. Нешто како CS:GO, ама со една голема разлика – можеш да пушташ магии и да “вадиш магиски трикови од ракав“.

Постојат одредени правила и прописи кои мора да се почитуваат.

  • Прво, што треба да направиш е да оформиш тим, но и да не успееш да оформиш тим можеш како соло играч да се приклучиш на веќе постоечки тим. Тимот мора да се состои од 5 играчи, сите постари од 18 години и запишани на универзитет (не мора сите да се од ист универзитет). Притоа тимот мора да остане скоро-па-непроменет низ сите фази на турнирот, со тоа што дозволена е промена на само еден играч, во било која фаза од турнирот. За времетраењето на турнирот, еден играч може да биде член на само еден тим.
  • Второ, треба да провериш дали се одржуваат квалификации во твојата држава (не се мачи, Македонија е на листата и истите ќе се одржат на 28 Март 2021 година).
  • Трето и последно правило, треба да го пријавиш твојот тим ТУКА.

Инаку, патот до светската слава и големото глобално финале започнува со квалификации на национално ниво. Четирите најдобро пласирани тимови од квалификациите се пласираат на националното финале во Македонија, а победникот и воедно најдобриот тим од Македонија оди на првото масовно глобално финале во VALORANT, кое е закажано да се оддржи во Јуни 2021 година.

Ако ова не ти се доволно добри причини да оформиш тим и да се бориш за глобална популарност, тогаш неповторливата шанса да се натпреваруваш со своите врсници на една глобална платформа, можноста да ги запознаеш најголемите VALORANT ѕвезди кои ќе се натпреваруваат на претстојниот VALORANT Мастерс, еден од трите настани годишно кои се дел од програмата на Шампионската Турнеја 2021 и секако паричната награда од 20.000 евра, се дефинитивно повеќе од доволна причина за да се “загрееш” и подготвиш за учество на Red Bull Campus Clutch.

ОФОРМИ ТИМ, ПРИЈАВИ СЕ И ПОБЕДИ!

Повеќе на: RedBull.mk

Претходна статијаПетнаесет години на самиот врв – Samsung прогласен за водечки производител на телевизиски технологии
Следна статијаМакпетрол ја промовираше новата наградна игра за 2021 година на Верна програмата за лојалност, „ВЕРНА – една и единствена“