За прв пат глобалната платформа за иновации и инвестиции Techstars го организира Global Online Startup Weekend series, на тема “Заедно да креираме решенија за да го победиме COVID-19”

Солвео е организатор на ова специјално издание во нашата земја и ги повикува сите кои сакаат да бидат дел од овој 54-часовен викенд од 24-ти до 26-ти април. Учесниците можат да се пријават со или без идеја, се што треба да направат е да ја пополнат оваа форма. Тие ќе работат во тимови преку онлајн платформа од своите домови и ќе креираат решенија за предизвиците кои се предизвикани од пандемијата.

Солвео во партнерство со Techstars, го организира овој настан волонтерски, каде што фокусот ќе биде креирање решенија кои ќе помогнат полесно да се надминат предизвиците од COVID-19 со кои се соочува нашата земја.

На овој онлајн настан можат да се пријават сите иноватори, девелопери, маркетери, дизајнери, доктори, економисти и секој кој има желба да го даде својот несебичен придонес да помогне.

Од учесниците се очекува да направат прототип на решението кое може да помогне при решавање на одреден проблем.

“Причината зошто решивме да се вклучиме во оваа глобална иницијатива е едноставна – мора нешто да преземеме и да го победиме COVID-19 заедно. Искрено сите стартап ентузијасти се спреми за онлајн натпревар, особено веќе кога сите мора да седиме дома и очекуваме да има многу голем интерес за учество. Ако сега не ги спојме силите, кога?” – велат организаторите  Солвео.

Северна Македонија е една од повеќе од 60 земји од светот кои се дел од овој голем настан. Најдобрите 20 тимови од цел свет ќе имаат шанса да учествуваат во Techstars Innovation Bootcamp.

Учесниците кои сакаат да бидат дел од настанот треба да ја пополнат оваа форма. За повеќе информации за настанот можете да дознаете тука.

Претходна статијаТоп пет епизоди на Breaking Bad
Следна статијаДиректните пораки на Instagram сега се достапни и преку веб на десктоп