Секоја година во Сан Диего (САД) се одржува најголемиот глобален и интерстеларен собир на „гикови“ и „нердови“. Во текот на неколку дена, обожаватели на стрипови, научна-фантастика и фантазија и натприродното имаат можност да се дружат (поточно, да ги гледаат од далечина) со своите омилени суперхерои (односно, глумците кои ги толкуваат тие херои).

Организаторите паметно го користат ова за да откријат нови работи околу филмовите и ликовите кои допрва треба да се појават на големите екрани. Оттаму, и годинава добивме низа на интересни трејлери за филмови што ќе ги гледаме во текот на наредната година.

Првиот трејлер за Годзила

Еден од најочекуваните филмови во претстојната година е вториот дел на Годзила, наречен Годзила: кралот на монструмите. Трејлерот изгледа како да филмот ќе ни го понуди она што го видовме и во првиот дел – големи битки со различни монструми, и Годзила како ги убива своите непријатели. Една од главните улоги ја има Мили Боби Браун (Eleven од Stranger Things).

Џејмс Ган е отпуштен поради стари твитови

Во вест неповрзана со Комик-Кон, човекот кој е заслужен за неверојатниот успех на двете инсталации на Чуварите на галаксијата се најде под „оган“ поради негови твитови од 2009 и 2010 година.

Очигледно, Џејмс Ган објавувал твитови каде што главна тема биле секс и др. вид на општење со малолетни деца. Тој објасни дека твитовите се резултат на неговиот тогаш провокативен стил на хумор, со кој сакал да привлече внимание. Меѓутоа, после „Me Too“ феноменот кој го раздрма Холивуд минатата година, оваа вест и не доаѓа како големо изненадување.

Трејлер за Аквамен

Морам да признаам, се’ уште не го гледав Justice League. А по тоа што го читам и слушам од различни извори, можеби така и ќе остане. Оттаму, не сум претерано возбуден што излегува самостоен Аквамен филм. А, судејќи по трејлерот, единственото нешто што е интересно во филмот е Џејсон Момоа, кој изгледа како да е роден за улогата (истото може да се каже и за неговото толкување на Кал Дрого).

Претходна статијаСоздадовме iOS Академија како одговор на големата потреба од високообучени и квалитетни iOS програмери
Следна статијаКрипто 101: Што се тоа „паметни договори“?