Microsoft за 5 април закажа настан кој ќе може да се следи во живо со почеток во 17:00 часот по македонско време.

Темата на настанот е „See the Future of Hybrid Work, Powered by Windows“, односно видете ја иднината на хибридното работење помогнато од Windows.

Ова како единствена информација за настанот не кажува многу за што точно може да се очекува, но сепак како и секогаш може да се претпостави. Microsoft е еден од главните играчи на пазарот на услуги во „облакот“, а тука е и новата услуга претставена минатата година Windows 365 Cloud PC.

Тоа значи дека на настанот ќе се презентираат можностите кои им ги нуди Windows 11 во нивното работење, како и останатите услуги од компанијата кои го овозможуваат истото.

Дополнително се очекува дека од компанијата ќе претстават некоја нивна верзија од толку популарниот „метаверзум“, нешто што веќе можеше да се види на по некоја слика.

Главен презентер на настанот ќе биде еден од повеќе популарните директори во компанијата кој директно стои зад развојот на одличната Surface линија, а сега и на Windows, Панос Панај. Тој сигурно како и обично ќе биде доста „возбуден“ за производите што ги презентира со неговиот уникатен стил и енергија.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаУслугата Garmin Pay отсега достапна и за корисниците на Visa картички на Халкбанк
Следна статијаStarbucks започна пилот програма за поставување на полначи за електрични автомобили во нивните кафетерии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.