Сајбер-безбедноста е од клучно значење кога станува збор за размена на критични информации и податоци кои се доверливи и од особена важност. Со оглед на фактот дека повеќето организации се потпираат на е-пошта за своите деловни активности, напаѓачите ја користат е-поштата во обид да украдат чувствителни информации. Затоа е многу важно е-поштата да биде што е можно побезбедна. Но, како да се постигне тоа?

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT со поддршка на DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance, организира бесплатен вебинар на тема „Безбедна комуникација по е-пошта“ кој ќе се одржи на 01.12.2020 со почеток во 10 часот.

Вебинарот ќе опфаќа објаснувања и презентации за повеќе прашања од областа: како да се спречи 81% од фишинг-напади, како да се овозможи DMARC, SPF и DKIM, кои се вообичаените грешки при конфигурација на е-пошта и многу повеќе. Ќе биде вклучена и лесна дискусија со цел овозможување на ефективно и практично учење и размена на искуства.

Само 20% од компаниите користат DMARC, SPF и DKIM, што може значително да ги намали фишинг-нападите. На овој вебинар, учесниците ќе можат да научат како да ги овозможат овие глобални стандарди против доменски измами.

Експерти од областа кои ќе учествуваат како предавачи на овој вебинар се г-дин Владан Бабиќ и г-дин Душан Вигњевиќ.

Г-дин Владан Бабиќ е искусен професионалец за информациона безбедност со повеќе од 10 години искуство во различни области на IT безбедност од јавниот и од приватниот сектор. Тој е тим лидер со искуство во креирање на одговорни и доверливи IR тимови. Има докажано знаење и искуство во: Incident Response to include APT evictions; Handling, Security Analysis, Automation, Purple Teaming, Team Building; Security Assessments; Risk Management; Security Policies and Procedures; Compliance & Audit; Continuity of Operations; Guidelines & Regulations; Security and Privacy Training and Awareness. Поседува ECIH, CASP, TOGAF, PDuty Incident commander и други сертификати.

Г-дин Душан Вигњевиќ е Cyber Threat Intelligence Lead во NCR Corporation со повеќе од 5 години искуство во индустријата за информациона безбедност. Магистер е по информатичко инженерство и поседува CISSP, GIAC GCTI, GIAC GDAT и SSCP сертификати. Неговите области на експертиза вклучуваат безбедност на информации, разузнавање на закани, одговор на инциденти, управување со инциденти и управување со ранливост. Тој има успешно спроведено неколку обуки за националната заедница CERT во Србија во рамките на регионалниот проект за сајбер-безбедност на DCAF.

Овој вебинар е само првиот од редица бесплатни онлајн вебинари кои ги организира Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Следуваат уште 3 вебинари од областа на сајбер-безбедноста во кои ќе бидат опфатени следните теми: безбедносни ризици за работа од дома, фишинг-напади и заштита и добри практики за сајбер-безбедност, овие вебинари ќе се одржат во текот на месец декември.

Приклучете се на бесплатниот онлајн вебинар на тема „Безбедна комуникација по е-пошта“ и зголемете го своето знаење! За да бидете дел од вебинарот, потребно е да се регистрирате тука.

Претходна статијаУдобно, топло, празнично – уживајте филмски пред малите екрани со кристално чиста слика на FAVORIT телевизорите
Следна статијаЕко Логистик Сервис достави повеќе од 300 пакети за време на паузата од 30 минути на конференцијата за е-трговија минатата недела