Хакирањето на вашиот корпоративен веб-сајт или апликација може многу негативно да се одрази на вашиот бизнис – не само што може да повлијае финансиски, туку може да доведе и до кражба на чувствителни, лични податоци, податоци за плаќања, како и рушење на угледот на компанијата. Сето тоа може да има сериозни последици кои може да ги спречите навреме доколку примените мерки за сајбер-безбедносна заштита. Како најефективно да го направите тоа?

Бидете дел од вториот бесплатен вебинар на тема „Безбедност на веб-апликации“ кој го организира Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT со поддршка на DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance и добијте ги одговорите на сите ваши прашања.

Вебинарот ќе се одржи на 10.12.2020 со почеток во 10 часот. Ќе бидат разработени теми како што се: важноста на вклучувањето на безбедносните контроли и мерки во веб-страниците и апликациите, сајбер-напади поврзани со веб-страници, ризици и предности на самостојно хостирање и поставување на веб-сајтови на клауд и други теми… Со цел ефективно и практично учење и размена на искуства, ќе биде вклучена и дискусија на која ќе може да се поставуваат прашања од областа.

Експерти од областа кои ќе учествуваат како предавачи на овој вебинар се г-дин Владан Бабиќ и г-дин Душан Вигњевиќ.

Ова е вториот по ред од серијата бесплатни онлајн вебинари кои ги организира Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Следуваат уште 2 вебинари во кои ќе бидат опфатени и други теми од сајбер-безбедноста.

Научете повеќе за тоа како да изградите подобра безбедност на вашите веб-страници и апликации и како да се заштитите од потенцијални сајбер напади! Побрзајте и резервирајте го своето место! Регистрирајте се тука.

Претходна статија#FITR CLASROOM: Како да се позиционирате како посакуван работодавач?
Следна статијаЗвучникот HUAWEI Sound X, развиен со Devialet, пристигнува на македонскиот пазар