Изминатиот викенд во Македонија, поточно во Скопје и во Битола, се одржа настанот Global Game Jam. Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2017 година на Global Game Jam се сретнаа 36.000 џемери, се одржа на 702 локации во 95 земји и беа создадени преку 7.000 игри.

Во Скопје и Битола учествиваа вкупно 172 учесници. Беа склопени 31 тим, а беа направени 28 игри. Во Скопје продефилираа приближно 300 посетители за време на траењето на маратонот со дополнителни посетители и минувачи за време на презентациите. Таа бројка во Битола се движи над 200.

Дадовме 7 интервјуа за интернет и пишани медиуми и три интервјуа и гостувања во емисии и вести.

Беа изедени 517 сендвичи, 211 буреци и 58 пици и безброј чоколада (не ги броевме). Беа испиени приближно 480 литри Кока Кола, 350 литри сок, 300 литри вода и 500 Ред Бул лименки. Отидоа 450 пакетчиња Квики, а беа потрошени преку 1000 чашки за кафе. Беше потрошено 670 гигабајти интернет сообраќај, работевме со 90 метри продолжни кабли, а се искористи 1400 метри тоалетна картија. Се направи мини турнир во Текен и се играше Nintendo Entertainment System турнир. Се играа борд гејмови, карти (Бељот) и Мафија.

Во организацијата на настанот беа вклучени 39 луѓе. 70% од учесниците беа машки и на наше огромо задоволство процентот на девојки учеснички од претходните години се зголеми на 30%. Најмногу се програмираше во Unity но и во Unreal, Construct 2, python, Scratch, WEBGL.

Во продолжение можете да ја видите дел од атмосферата на настанот.

Претходна статијаFacebook ќе се менува во согласност со новите закони на ЕУ
Следна статијаДознајте нови вежби за конкретни мускулни групи со MuscleWiki
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments