Get in the ring online – Skopje 2020

GITR е старт-ап настан преку кој се доближуваат новитетите на пазарот и потенцијалниот пазар во земјата и странство, до новите и идни старт-ап компании. Целта на овој настан е преку помош од луѓето кои го поминале патот и стигнале до успешни старт-ап компании, со нивната пасија и тајна за успех, да се поттикне иницијатива за креативни идејни решенија, а на веќе постоечките да им се помогне во понатамошниот раст и развој.

Оваа година, GITR ќе биде online тридневен хакатон од 1-ви до 3-ти декември, а темите за развивање идеи ќе бидат од отворен карактер. На хакатонот пријавите можат да бидат и индивидуални и во тим, а е отворено за секој без разлика на годините и без разлика дали се студенти или вработени.

Изборот на учесниците се извршува на следниов начин:

  • По завршување на пријавниот рок (19.11) ќе се изврши селекција на најмногу 20 тимови кои ќе бидат дел од Хакатонот. 
  • Во втората фаза од селекциите, односно во полуфиналниот дел обезбедуваат место 6 тима, кои ќе се натпреваруваат за во финале. 
  • Во финалето ќе влезат најдобрите 3 идеи. 

Апликација за пријавување: https://forms.gle/JH74axFRucoh4nGw6

Претходна статијаАЕК објави резултати од мерење на квалитетот на мобилните мрежи на А1 и Македонски Телеком во Тетово и Илинден
Следна статијаСемос Едукација на својата 25-годишнина присутен во над 20 земји во светот