Загреб, 19 мај 2017. – Во Финска не шетаат поларни мечки, али Дедо Мраз е фински државјанин, а вистината е дека Финците имаат збор за опивање дома, во потполна самотија и во долна облека – kalsarikännit. Овие и слични необични обичаи, емоции, омилени пцовки и митови за својата земја, Финците ја имаат претворено во една од најуспешните дигитални ПР кампањи за која имаат добиено мноштво од меѓународни награди. Како имаат успеано во тоа, ќе можат од прва рака да дознаат учесниците на јубилејното десетто издание на Weekend Media Festival.

Основа на кампањата се 63 emoji икони кои ја претставуваат Финска на симпатичен и ироничен начин, правејќи ги првиот сет на emoji икони кои секој може да ги симне на мобилен, а веќе ги имаат видено околу 250 милиони луѓе низ светот. Во Ровињ од прва рака ќе ги претстави Петра Теман (Petra Theman), директорка на јавната дипломатија во Министерството за надворешни работи и главна секретарка на Финскиот одбор за промоции.

„Финска има многу предности, како и некои слабости, баш како и секоја земја. Пристапот на комуникација на брендот на земјата на ваков искрен, автентичен начин привлече неверојатен интерес и бројни нови контакти и соработки“, истакнува Петра Теман, чие предавање за овој проект и дигиталното брендирање на земјата го носи насловот „Фински emoji, анализа на случајот на дигиталната дипломатија на денешницата“.

Десеттиот Weekend Media Festival оваа година се одржува од 21 до 24 септември во просториите на старата фабрика за тутун во Ровињ, под покровителство на Adris групата. Во своето прво десетлетие Weekend има примено вкупно 45.000 учесници: 1.000 предавачи, 35.000 медиумски, маркетиншки и ПР професионалци, 3.500 студенти и 5.000 акредитирани новинари од целиот регион. Се има позиционирано како најголемиот комуникациски фестивал во југоисточна Европа, а прв ги има најавено и некои од топ трендовите како што се мобилното огласување, native огласувањето, дигитализацијата, programmatic и blockchain.

Weekend не е резервиран само за предавања и дискусии, туку е место за забави и нетворкинг кој оваа година ќе биде подигнат на едно повисоко ниво. Добро осмислен музички програм отсекогаш бил еден од најсилните адути на фестивалот, а оваа година ќе има и изненадувања прилагодени на големиот јубилеј.

Претходна статијаAndroid Go е полесна верзија на оперативниот систем за послабите евтини смартфони
Следна статијаBragi Dash Pro се безжични Bluetooth слушалки, кои можете да ги контролирате само со мрдање на главата