14207608_1534344923258500_5093407628352969705_o

Останува само уште еден ден до почетокот на шестото издание на Стартап Викенд Скопје. Почнувајќи од петок 28ми до 30ти октомври, Hub Skopje Скопје ќе биде домаќин на настанот каде учесниците имаат можност да ги развиваат своите идеи, да се запознаат со стартап заедницата и да добијат вредни награди. Кога сето ова ќе го заокружите со огромното искуство кое се стекнува за време на овие 54 часа, го добивате одговорот на прашањето ЗОШТО да се пријавите како учесници на овој настан.

Како и на досегашните изданија, организаторите ветуваат квалитетни и искусни ментори од сите области, маркетинг, програмирање, дизајн,  коишто ќе бидат на располагање во текот на настанот за прашања и совети при процесот на создавање на продуктот, како и совети за негово претставување.

Овогодинешни спонзори на настанот се USAID, CEED,  Swiss Confederation,  UNDP, mkHost, iSTYLE, Swisscontact, South Central Ventures, CORNER CASE, LETZ.

Дел од партнерите  на  Стартап Викенд Скопје се: Seavus Incubator, Seavus Education and Development center, New Man’s Business Accelerator, Brainster, EESTEC LC Skopje, IAESTE Macedonia, AIESEC, BEST Skopje.

Тимовите ќе имаат можност да добијат совети од ментори од земјава како и од Холандија, Албанија, Словачка, Австралија, Украина и многу други.

Целосната листа на судии, агендата, ментори како и организаторите можете да ги најдете на www.sw.mk.

Организаторите ветија и награди, а дел од нив се: Free Power Pack by 99designs, Unlimited meeting hours for 1Y, 90 Day Free Unlim MyBalsamiq, 20% off pitch judging system и уште многу други ! Тука се и изненадувањата за кои ќе дознаете на самиот настан.

Досега се купени околу 60 карти, што го прави овој Стартап Викенд Скопје да биде првиот со оваа бројка на карти. За да бидете и вие дел од овој стартаперски викенд, земете ја вашата карта на линкот.

Startup Weekend претставува 54 – часовен глобален настан каде се здружуваат програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат, каде ментори се локални и меѓународни стартап експерти. Startup Weekend глобално има повеќе од 1500 настани во повеќе од 660 градови во 120 држави. Секој настан во просек има 85 учесници, кои реализираат околу 10 нови идеи.

Следете не на профилите на социјалните мрежи Facebook: StartupWeekendSkopje и Twitter: @swSkopje и дознајте за уште изненадувања кои следат!

Претходна статијаMicrosoft го одржа нивниот Windows 10 настан – претставени повеќе интересни новини
Следна статијаSurface Book добива помоќна графика и траење на батеријата од 16 часа