Со почеток во 19:00 часот по македонско време, Samsung ќе го започне нивниот прв Galaxy Unpacked настан за 2025, а стандардно за овој период од годината на истиот се претставува наредната Galaxy S серија.
Galaxy S25 серијата ќе биде претставена на денешниот настан во Сан Хозе, а како и секогаш, презентацијата ќе може да се следи во живо преку YouTube каналот на компанијата.
Иако тоа што треба да биде претставено не се очекува да биде драстично различно, сепак се работи за доста голем и важен настан. Сите телефони треба да го користат Snapdragon 8 Elite и со тоа да конкурираат одлично на пазарот, а може да се очекува и мала промена на дизајнот на уредите, посебно кај Galaxy S25 Ultra моделот.
Една од поважните новини е One UI 7 верзијата која променетата верзија од Android 15 ја прави со доста одлични новини инспирирани од конкурентите, а посебно од iOS 18.
Како изненадување на настанот можно е да биде претставувањето на четврт модел, неофицијално нарекуван Galaxy S25 Slim. Овој телефон треба да дојде со доста помала дебелина од останатите модели, а оваа година се очекува дека и другите производители ќе имаат вакви модели во својата понуда.
Настанот можете да го следите со почеток во 19:00 часот преку видеото на почетокот од оваа статија или директно преку YouTube.