Скопје, (24.06.2019)

Иднината на движењето и мобилноста е во електричните и хибридни возила. Капитол мол го организира Хибрид фест од 25. до 27. јуни – 3 дена посветени на еко автомобили, скутери, тротинети и велосипеди.

 „Постојано се соочуваме со предизвиците на урбаниот начин на живеење. Низ годините загадувањето и глобалното затоплување станаа проблем за сите, како во целиот свет, така и кај нас. Големите компании и умови со децении работат на истражување, методи и решенија кои ќе ни помогнат да ги надминеме. Според еко трендовите кои ни доаѓаат, иднината на мобилноста е во електричните и хибридни возила. За нашите посетители и сите заинтересирани да се информираат и да ги видат еко превозните средства го организираме првиот Хибрид фест заедно со ProCredit Bank, Toyota Hybrid, Hamachi и MS Energy.“, велат организаторите, Капитол мол.

Хибрид фест се одржува од 25. до 27. јуни и тоа во периодот од 18.00 до 21.00 часот. За време на настанот ќе има и можности за тестирање на возилата. Повеќе информации може да се најдат и на: https://www.facebook.com/capitolmall/ и http://capitolmall.mk/.

Претходна статијаSamsung продолжува да го редефинира кинематографското искуство во Европа и ширум светот со новиот Onyx Cinema LED Екран
Следна статијаУспешна приказна на Александра Стојановска – „Знаењето кое ми помогна да се изградам како професионалец“