Apple минатата недела испрати покани за настан кој го закажа за 30 октомври, односно идниот вторник. Локација за изненадување не е во нивниот новоизграден кампус, со посебна сала за вакви настани именувана по Стив Џобс, па овој пат настанот ќе се одржи во Бруклин, Њујорк.

На поканата стои изјавата „There’s more in the making“, односно „Има уште во изработка“, со што може да се претпостави што е тоа што ќе биде претставено.

Со оглед дека телефоните за оваа година се веќе претставени, новите верзии од оперативните системи исто така, па верувањата се дека Apple идната недела ќе ни претстави нова генерација од iPad Pro, а можеби и нови Mac уреди.

iPad Pro според информациите ќе дојде во две големини, односно 11 и 12,9 инчи, а уште поважно, рамките околу екранот ќе бидат значително помали, следејќи го трендот на пазарот, како и на новите iPhone модели. Овој уред исто така се очекува да може да се отклучува со Face ID, системот од компанијата кој го заменува сензорот за отпечатоци.

Од компјутерите се очекува претставување на нов MacBook Air, односно негова замена, како и да биде наречена, која ќе има помали рамки околу екранот, а се очекува и можно претставување на нов Маc Mini компјутер.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаHuawei потврди дека работи на 5G смартфон со екран кој ќе се превиткува
Следна статијаТелеком организира уникатна потрага по новиот iPhone Xs
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.