Во понеделникот беше првиот и за нас најважен дел од WWDC 2023 конференцијата од Apple за програмерите. Првиот ден обично ни е најважен поради тоа што тогаш се презентациите на новите верзии од оперативните системи од компанијата, а и се претставуваат ако има нови компјутери и други уреди.

На настанот ги видовме iOS 17, iPadOS 17, macOS 14 (Sonoma), watchOS 10, како и M2 Ultra чипот кој ќе работи на новата генерација од Mac Studio и новиот Mac Pro кој за првпат е претставен со чип од компанијата.

Секако, еден од најважните моменти на настанот беше оставен за крај, со позната „One more thing“ изјава, а тоа беше првиот уред за проширена реалност од Apple. Vision Pro е просторен компјутер, како што го нарекуваат од компанијата и е баш каков што би го очекувале од оваа компанија.

Сите најважни работи кои беа презентирани во понеделник, сумирани од Apple, можете да ги погледнете во видеото во продолжение.

Претходна статијаSamsung ќе ја претстави наредната генерација од нивните уреди на преклоп во Сеул на крајот од јули
Следна статијаРежимот за читање во Google Chrome достапен во најновата бета верзија од прелистувачот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.