Shutterstock.com

Случувањата со TikTok и американските власти, поточно претседателот Трамп, се добро познати на повеќето изминатите месец дена. Оваа апликација најверојатно ќе биде блокирана да не може да се користи во САД, а Microsoft и Oracle веќе се во преговори да ја купат пред да стапи на сила забраната за трансакции со компанијата сопственик на сервисот, ByteDance.

Според познатиот The Wall Street Journal, „нападот“ на TikTok започнува по неколку состаноци на Марк Закерберг во Вашингтон со Доналд Трамп, како и одредени сенатори. Тој минатата година јавно, но и на приватни состаноци започнал со „поттикнување“ на мислењето за тоа каква закана претставува TikTok. Според информации, после состаноците со Закерберг сенаторите започнале со покажување на загриженост околу безбедноста на TikTok.

Според еден од сенаторите, причината поради која Закерберг се решил на ваков чекор, покрај справувањето со силен конкурент, е и тргањето на вниманието од неговата компанија која неколку пати е истражувана од повеќе причини.

На овој начин Закерберг се надевал дека ќе може и да се подигне угледот на Facebook чии проблеми можеби би делувале не толку „страшни“ во споредба со заканата да информациите од милиони корисници од САД завршат кај кинеската комунистичка партија, за што се и обвинети од ByteDance од страна на американските власти.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMozilla го пушти својот Firefox Relay сервис за сите корисници
Следна статијаФИТР анализа: Домашните компании подготвени за инвестиции за излез од кризата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.