Стив Вознијак, еден од ко-основачите на Apple ќе им помага на луѓето да изградат кариера во техно индустријата. Тој го лансираше Woz U, дигиталниот институт преку кој ќе ги едуцира луѓето во областа на технологијата.

Со помош на неговиот „институт“ корисниците ќе можат да дознаат која гранка од технологијата најмногу им лежи. Дополнително, ќе им биде овозможено да се едуцираат на тоа поле. Идејата започнува со реализација како веб-платформа. Меѓутоа, Вознијак има план да ја прошири во вид на класични универзитетски кампуси во 30-тина градови во светот. Прецизните локации ќе бидат објавени во наредните 2 месеци. Прецизните локации ќе бидат објавени во наредните 2 месеци, ветуваат од Woz U.

Програмите ќе нудат едукација од различен тип. Почнувајќи од вештини за регрутирање вработени, тренинзи и преквалификација, до поддршка на локални школи кои се занимаваат со едукација од областа на математиката, инженерството, технологија и наука.

Извори: Engadget, Cnet

Претходна статијаОдржана конференција Euroguidance во Скопје
Следна статијаВо Tesla стотици отпуштања по годинешната анализа на остварувањата