Уапсен Џулиан Асанж по 7 години „криење“ во Амбасадата на Еквадор во Лондон

Апсењето е резултат на прекинувањето на азилот од страна на Еквадор

Познатиот „свиркач“ и сопственик на WikiLeaks, Џулиан Асанж, е уапсен во Амбасадата на Еквадор од страна на британската полиција. Апсењето е направено по добиената покана од страна на амбасадорот на Еквадор и прекинувањето на азилот од страна на оваа земја.

„Џулиан Асанж, 47, денеска, четврток 11 април, беше уапсен од страна на службеници од Metropolitan Police Service во Амбасадата на Еквадор.“ – истакнаа од страна на полицијата.

Според информациите Еквадор се има решено за прекинување на повеќегодишниот азил поради објавување на информации на WikiLekas за претседателот на оваа држава. Асанж е обвинет дека е одговорен за објавувањето на информациите, кои биле поврзани наводно со приватниот живот на претседателот, по што доаѓа со „растурање“ на досегашниот однос.

Инаку, Асанж се „крие“ во Амбасадата на Еквадор во Лондон уште од 2012 година. Доколку не успееше да го добие тоа засолниште, Асанж требаше да биде екстрадиран во Шведска каде беше обвинет за сексуален напад, меѓутоа тие обвиненија се веќе повлечени.

Главната „опасност“ за Асанж денеска доаѓа од САД, од каде го обвинуваат за информациите коишто тој со години ги објавува за голем дел политички личности, како од светот, така и од САД.

Што ќе се случи со Асанж сега, останува да видиме по одлуката на судот пред кого е изваден.

ИЗВОРReuters
Претходна статијаНа кафе со #ЖениМК во Ланголо до дискусија која ги поставува темелите на општествениот напредок
Следна статијаOppo Reno е нов смартфон од компанијата со интересно решение за предната камера
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.