Сите нови телевизори, а и повеќето постари HD телевизори, доаѓаат со повеќе прилагодувања кои треба да ја направат сликата подобра за гледање. За да гледачот си овозможи најдобро гледачко искуство соодветно на содржината што ја гледа, треба да се разбира доволно за тоа кои прилагодувања треба да се намалат или исклучат, а кои да се појачат.

Едно од најпознатите прилагодувања кое одамна го има на телевизорите е “motion smoothing”, а зависно од телевизорот може да носи и други имиња како “motion flow” и слични. Тоа што го прави ова прилагодувања е ефект на мазно и чисто движење на објектите на сликата, меѓутоа тоа обично е наменето за гледање на содржина со брзо движење на објектите, како на пример спортски настани.

Ова прилагодување најчесто е вклучено автоматски, без корисникот да го вклучи самиот, па при гледање на содржина која не е спорт или слично, повеќе ја “расипува” сликата, отколку што помага за нејзино подобрување.

Том Круз и режисерот на филмот Mission: Impossible – Fallout, Крис Мекваер, направија специјално видео обраќање во кое препорачуваат гледачите да го исклучат ова прилагодување од своите телевизори и со тоа да го избегнат таканаречениот “сапунска опера” ефект, односно ефектот на измазнување на сликата кој се добива со “motion smoothing”.

Тие препорачуваат дека со едноставно пребарување на Google како да се исклучи овој ефект за конкретниот телевизор кој го има гледачот, многу лесно може да се најде упатство за истото.

Лично и ние ви препорачуваме да го исклучите овој ефект, освен кога гледате спорт, па ќе забележите дека филмовите и сериите кои ги гледате, изгледаат повеќе во правец на тоа како се снимени и замислени да изгледаат.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаПешаците се активни учесници во сообраќајот кои мора да ги почитуваат сообраќајните правила – „Без Изговори!“
Следна статијаДали вака ќе изгледа екранот и предницата на Galaxy S10+ ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.