wozniak-1

Steve Wozniak, познат на повеќето од нас, е еден од основачите на Apple заедно со Steve Jobs во далечните седумдесетти. Една од најпознатите приказни за почетоците на компанијата е како таа е започната во гаражата на Jobs, пред да почне доволно голема заработка за отворање на посебни канцеларии.

Меѓутоа, според Steve Wozniak, приказната е едноставно тоа, приказна. Тој во интервју за Bloomberg, во кое што на кратко објаснува за првиот компјутер, запознавањето со Jobs и слично, објаснува како гаражата е еден вид на мит и дека приказната е преувеличена.

steve-jobs-garage

Тој истакнува дека тие се имаат собирано во гаражата на Jobs, меѓутоа не толку често и дека најчесто имало до двајца луѓе кои што не правеле ништо посебно. Дизајните на компјутерите биле правени во главно на друго место, по што биле носени во гаражата за финалното склопување.

Тој во интервјуто говори и за колку дизајнирањето на првата матична плоча од која што бил направен Apple I компјутерот претставува нешто што никогаш нема да го заборави. Тоа е нешто кое што него го има правено навистина среќен и во работата целосно се внесувал трудејќи се да ја направи најдобро што може.

Дизајните за матичните плочи тој едно време ги давал и бесплатно, до периодот кога го запознава Jobs кој што решил дека треба да почнат да ги продаваат за пари.

Видеото од интервјуто можете да го погледнете во продолжение.

Извор: Bloomberg, Cnet

Претходна статијаAdblock Plus сега овозможува блокирање на Seen во пораките на Facebook
Следна статијаМасивен океан три пати поголем од површинските се наоѓа под Земјината кора?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.