Фото: Shutterstock.com

По купувањето на Twitter за 44 милијарди долари во октомври минатата година, Елон Маск два месеци подоцна објави анкета дали да се тргне од директорската позиција која ја презема. Анкетата помина со повеќе гласови за, па Маск треба да избере нов директор, иако за истото кажа дека ќе го направи кога ќе најде некој кој е доволно „будалест“ да ја прифати позицијата.

Сега имаме и поконкретна информација за какви се плановите на Маск, а нив ги истакна за време на видео конференција преку која се вклучи на World Government Summit кој се одржа во Дубаи. Според Маск, компанијата би била подготвена да може да функционира со нов директор до крајот на годината.

„Треба да ја стабилизирам организацијата и само да се уверам дека е на финансиски здраво место со точно поставен патоказ за производите. Претпоставувам дека најверојатно при крајот на годината би бил добар период да се најде некој друг да ја води компанијата“. – истакна Елон Маск.

Покрај големата поддршка која ја доби Маск при купувањето на Twitter, сепак неговиот однос и некогаш избрзани одлуки направија да повеќето од неговите следбеници сметаат дека некој друг е подобро да ја води компанијата. Маск како сопственик секако ќе ја има позицијата да гледа што се случува и да ги насочува работите.

Оваа недела можевме да прочитаме и за еден таков пример, односно зошто Маск знае да привлече и негативно внимание. Наводно незадоволен од падот на популарноста на неговите објави, побарал да се додаде код кој „вештачки“ ќе ја зголемува популарноста и поради тоа неговите објави ќе се гледаат почесто. Не знаеме дали ова е вистина, но баш во периодот на овие тврдења на нас ни излегуваат доста поголем број на објави од Маск.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSamsung го најави почетокот на надградбата на постарите Galaxy уреди на One UI 5.1
Следна статијаMicrosoft го пренесува искуството една недела по пуштањето на новиот Bing
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.