Ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс се осврна на темата на која во последно време се повеќе светски инфлуенсери предупредуваат, а тоа е динамичниот развој на AI технологијата. Претходно Елон Маск предупреди на ризиците кои ги носи самата технологија, на што се надоврза и првиот човек на Руската Федерација, Владимир Путин, кој потенцираше дека набрзо AI „ќе не изеде“.

Во заедничко интервју, Гејтс и актуелниот CEO на Microsoft, Сатја Надела, за популарниот Wall Street Journal ќе изразат несогласување со нивниот колега Маск, образложувајќи дека проблемот со контролата врз AI технологијата (на кој Маск предупредува) не е нешто што би требало да биде во прв план, ниту пак треба да се стравува дека воопшто би можело да дојде до таква ситуација.

Гејтс не е првиот, ниту пак единствениот кој оптимистички го доживува брзиот напредок на ова поле. Првиот човек на Facebook, Марк Зукерберг го нарече ставот на Маск негативен и таквите изјави ги окарактеризира како неодговорни. На темата ќе се надоврзе и Надела кој вели дека примарно постои одговорност кај луѓето кои воопшто ја создаваат самата технологија, да не дозволат потенцијални црни сценарија.

За споредба, во САД сѐ уште не постои никаква регулатива што се однесува или би се однесувала на AI технологијата иако истата наоѓа широка примена во апаратите кои секојдневно се користат. Обид за регулација имаше за време на мандатот на администрацијата на Обама, која меѓутоа не успеа да ја претвори во закон.

Извор: Investopedia, CNBC

Претходна статијаiPhone X има 3 GB рам и релативно мала батерија од 2.716 mAh
Следна статијаДоделување на наградите од летното финално коло од јубилејната наградна игра „70 години Макпетрол“