Shutterstock.com

Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела објави дека тој и неговата жена се позитивни на Sars-COV-2, односно вирусот кој го предизвикува COVID-19. Со оглед на тоа што Трамп е познат по тоа што не сака да носи маска, а контактите кои ги има, посебно во Белата Куќа, не се мали, за дел од јавноста оваа вест не беше некое големо изненадување, иако поради функцијата сите му посакаа што побрзо оздравување.

Сепак и покрај тоа што Трамп се смета за ризична група од компликации од COVID-19, навременото откривање на вирусот и носење во болница каде прими повеќе терапии, направија да болеста на време биде спречена, а Трамп веќе е вратен во Белата Куќа и активно објавува на Twitter.

Во една од објавите по неговото „оздравување“, Трамп истакна колку голема бројка на луѓе умираат од сезонскиот, обичен, грип и покрај тоа што за тоа има вакцини. Исто така тој истакна дека треба да се научиме да живееме со вирусот, а не да се затвораат земјите, а со тоа и економиите, додавајќи дека смртноста од COVID-19 кај повеќето од популацијата е и доста помала од обичниот грип.

Последното тврдење го привлече вниманието на Facebook и Twitter кои сметаат дека тоа не е точна информација, односно делот дека смртноста од COVID-19 е доста помала од обичниот грип. Информациите сепак се’ уште укажуваат на тоа дека смртноста од COVID-19 е поголема во споредба со обичниот грип, а тука се и додатните проблеми кои се јавуваат, некарактеристични за обичните грипови.

Поради тоа, Facebook се одлучија целосно да ја тргнат објавата од Трамп, нешто што беше до некаде изненадување од страна на мрежата која ја критикуваа дека нема тргнато доста други сомнителни објави, за разлика од Twitter кои почнаа да го прават тоа.

Во случајот со Facebook, причината зошто е тргната оваа објава, а не други, е што тие сметаат дека дезинформациите околу коронавирусот треба посериозно да се сфатат од другите политички и слични објави.

За разлика од Facebook кои целосно ја тргнаа објавата на Трамп, Twitter се решија да не ја тргнат, туку да ја означат како објава која ги прекршува нивните правила за ширење на неточни и потенцијално штетни информации. За да може да се види објавата, мора дополнително да се кликне за да се тргне ознаката и предупредувањето.

ИЗВОРCNN
ИЗВОР 2Recode
Претходна статијаApple закажа настан за 13-ти октомври, се очекува претставување на iPhone 12
Следна статијаInstagram за својот десетти роденден ви овозможува да ја промените иконата од апликацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.