Маск е насекаде деновиве. Најпрво се скара јавно со сега поранешниот вработен во Тесла, кој Маск го обвини дека работел против интересите на Тесла, и оддавал доверливи информации.

Од друга страна, тој ги обвини Маск и Тесла дека затскривале информации поврзани со безбедноста на работниците во фабриките на Тесла. Односно, дека пријавувале пониски бројки на случаи на повреда при работно место во нивните фабрики.

Претходно, откако беа објавени новинарски извештаи на истата тема, Маск се сврте кон целата новинарска заедница, нарекувајќи ја непрофесионална и пристрасна. Во серија на твитови, тој објави дека ќе започне организација за проверка на вистинитоста и интегритетот на објавени новинарски текстови и на новинарите кои ги пишуваат тие текстови.

Потоа, тој се вмеша во напорите на спасувачките служби кои се обидуваа да ги спасат момчињата од Тајланд кои беа заробени во пештера и опколени со вода. Маск редовно објавуваше твитови, слики и видеа прикажувајќи како SpaceX работат на мини подморница со која момчињата би можеле да бидат пренесени надвор од пештерата.

Откако директорот на операцијата за спасување на момчињата во Тајланд ја нарече подморницата на Маск „непрактична“, Маск објави дека не се согласува со тоа, и дека подморницата „ќе остане (во Тајланд) за идна употреба“.

Споредбите на Елон Маск со Тони Старк (Ајронмен) се неизбежни. И во двата случаи се работи за ексцентрични милијардери кои ја користат својата слава, финансиска моќ и својот интелект за добротворни цели.

Голем број на медиуми и веб страници го обвинија Маск дека само се обидува да привлече внимание во јавноста после неговите објави поврзани со тајландските момчиња. Од друга страна, илјадници Твитер корисници застанаа на негова страна.

Тоа е добар показател за начинот на кој јавноста го перцепира Маск. Или го обожаваат и го нарекуваат „спасител на човештвото“ или го мразат и го нарекуваат „злобен гениј“.

За разлика од Маск, Џеф Безос (неодамна прогласен за најбогат човек на планетата земја), го нема да „зуцне“ во јавност. Меѓутоа, обајцата прават нешто кое му користи на човештвото на долгорочен план. Разликата е во тоа што се чини дека Маск сака јавноста да дискутира и да зборува за неговите дејствија, додека Безос се држи настрана од „подиумот“.

Претходна статијаСите предизвици за брендовите, потрошувачите и огласувачкиот пазар во време на вештачка интелигенција
Следна статијаWireless Charger Duo од Samsung ќе може да полни два уреди безжично во исто време