snowden

Edward Snowden кој што веќе 2 години престојува во Русија е подготвен да се врати дома, односно во САД, изјави неговиот руски адвокат Anatoly Kucherena за време на промовирање на неговата книга „Време на октоподот“.

Поради сериозноста на информациите кои што Snowden ги предаде на медиумите, постојат сомневања за судската постапка дури и во систем и земја како што е САД. Поради тоа, за да тој се врати, се бараат гаранции дека судењето ќе биде фер и непристрасно, нешто што сите се прашуваат дали е можно.

Edward Snowden е подготвен да се врати во САД, но под услов дека ќе му бидат дадени гаранции за добивање на фер и непристрасен судски процес – изјави Kucherena

Тој истакнува дека веќе имаат добиено писмо од јавниот обвинител на САД, Eric Holde, во кое што тој им дава гаранции дека Snowden нема да ја добие најлошата казна за вакви дела, односно дека нема да ја добие смртната казна.

Kucherena истакнува дека во писмото тој не гледа гаранции за фер судење, а исто така гаранциите кои што ги дава за смртната казна, не може тој да ги даде поради тоа што тој според законите нема влијание на судските одлуки.

Инаку, Snowden е обвинет за шпионажа и кражба на владина сопственост, односно на веќе познатите документи преку кои што се открива работењето на американските тајни служби, поточно NSA, кои што практикуваат масовно следење на комуникацијата на граѓаните.

Snowden веќе одреден период живее и работи во Русија, каде што и доби дозвола за престој од три години. Моментално тој работи за одредена софтверска компанија, а е и советник за уште неколку други компании.

Извор: Politico, TASS

Претходна статијаПретставен BitTorrent Sync 2.0, вклучува Pro верзија со повеќе функции
Следна статијаСудењето на деценијата: Silk Road дел – 2
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.